Кошаркарот на Србија, Никола Јокиќ, стана четвртиот играч на Олимпијадите што успеал да направи троен ефект.
Тој на денешниот меч со Германија забележа 19 поени, 12 скока и 11 асистенции и со тоа стана само четвртиот играч кој забележал „трипл-дабл“ на Олимписките игри. Претходно тоа го направија Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и 2024 година и Лука Дончиќ во 2020 година.
Србија со денешниот триумф го освои бронзениот медал на Игрите во Париз.

