Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Голема загуба за македонската кошарка: Почина Лазар Лечиќ
    Кошарка

    Голема загуба за македонската кошарка: Почина Лазар Лечиќ

    risteBy riste13/08/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голема загуба за македонската кошарка и спортот воопшто. Почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на поранешна Југославија, а подоцна и независна Македонија.

    Денес на 85-годишна возраст Лазар Лечиќ го загуби животниот натпревар, но засекогаш ќе остане запаметен како симбол на кошарката на овие простори. Тој беше еден од оние што ги поставија темелите на македонската кошарка од осамостојувањето.

    Својата кошаркарска кариера ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1986, а работеше и во МЗТ Скопје, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

    Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

    Погребот на Лечиќ ќе биде утре, 14. август, на гробиштата Бутел во Скопје. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.