Легендата на американската кошарка, Чарлс Баркли го критикуваше селекторот на САД, Стив Кер за неговата одлука да не му даде минутажа на Џејсон Тејтум на олимпискиот турнир во Париз.
„Стив Кер немаше причина да не го користи Тејтум. Тејтум би бил играч број 2 во Србија и најверојатно најдобар играч на Франција. Фактот што не одигра ниту една минута на два меча е погрешен, тоа е неправедно. Ако одите на Олимпијада, сакате да играте. И јас сум разочаран што Џејсон не можеше да игра, и бев разочаран што Тајрис Халибартон не можеше да игра, особено на почетокот на турнирот. Ако сакате да ја скратите ротацијата во последните неколку натпревари, тоа е во ред, но овие момци летото го посветија на САД“, изјави Баркли.

