Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе огра против Вардар во финалето на 52. издание на Струшкиот ракометен турнир. Еурофарм Пелистер обезбеди место во финалето откако го совлада Паок од Грција со убедливи 36:20.
Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме кое нашиот шампион го доби со 19:6. Во вториот дел се беше рутина и битолчани само ја зголемуваа предноста која на крајот дојде до 16 голови разлика победа односно 36:20.
Исто така и Вардар славеше убедливо против шведската екипа Гуиф со 32:18, во натпревар во кој „црвено-црните“ доминираа и не му дозволија на противникот да се понадева на позитивен резултат.
Откако двете екипи, Еурофарм Пелистер и Вардар забележаа по две победи во своите групи, си залажаа натпревар со трофејот кој го брани Вардар од минатата година , а кој ќе се одигра утревечер од 20.30 часот.

