Екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се судрат за првиот домашен трофеј во новата сезона, тоа е Суперкупот на Македонија, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави детали.
Мечот за Суперкуп титулата ќе се игра во Гевгелија. Салата која ќе биде домаќин на овој настан е „24 Април“, а датумот на дуелот е 4 септември (среда) со почеток од 19:00 часот.
Еурофарм Пелистер досега има два трофеја во ова натпреварување освоени во 2021 и 2022 година, додека Алкалоид лани го освои првиот трофеј во сениорска конкуренција и е дебитант во натпреварот.