На денешното Редовно Собрание на Ракометната федерација на Македонија, претседтаелот Живко Мукаетов го најави своето заминување од претседателската функција. Ова би требало да се случи на следното Собрание кое се очекува да се одржи во периодот меѓу 15 февруари и 1 март идната година.
„Јас нема да бидам кандидат за Изборно собрание“, изјави првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Со оваа негова најава дефинитивно доаѓа крајот на едно успешно раководење со Ракометната федерација на Македонија. Од доаѓањето на Мукаетов стандардите во сите национални тимови беа подигнати на ниво на познатите европски ракометни велесили, а додека самите домашни лиги добија многу поволности.