Ракометарите на Алкалоид се освојувачи на Супер Купот на Македонија, откако вечерва во Гевгелија го совладаа шампионот Еурофарм Пелистер со 33:30.
Мечот во салата „26 април“ мина во знакот на скопскиот тим, кој од стартот се наметна и имаше константна предност. Избраниците на Кире Лазаров на полувреме имаа предност од 5 гола (19:14), а успеаја да ја задржат и во вториот дел кога битолчани притиснаа, но не успеаја да направат целосен пресврт.
Никола Костески со 8 гола беше ннајефикасен, дека кај поразените Кузмановски постигна 5 гола.