Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барди: Оваа селекција има квалитетни фудбалери, но и квалитетни луѓе
    Фудбал

    Барди: Оваа селекција има квалитетни фудбалери, но и квалитетни луѓе

    risteBy riste11/09/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Капитенот на нашата репрезентација, Енис Барди повторно покажа дека е вистински мајстор за слободни удари. Со негово фудбалско ремек-дело од далечина и донесе предност на Македонија и ја најави победата над Ерменија во второто коло од новата сезона во Лигата на нации (2:0).

    По средбата нашиот капитен беше среќен за трите бода и им се заблагодари на навивачите кои дојдоа да им дадат поддршка.

    „Оваа победа е посебна. Игравме со црвен картон, но поправиме некои ситници и фала на Господ стигна победата. Мислам дека победата е заслужена. Фала на публиката за поддршката.

    Оваа селекција има многу квалитетна група на играчи, но посебно квалитетни луѓе. Тоа е многу важно во животот. Лошо ја започнавме сезоната, но може тоа ќе биде клучно за да завршиме први во групата. Зборувавме многу во соблекувалната, ги сфативме и прифативме критиките и само вака да продолжиме“, изјави Барди по мечот.

    Македонија по две кола е прва на табелата со четири бода, Ерменија е втора со три, а толку има и Летонија, додека Фарски Острови е последен со еден бод.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.