Женската ракометна сениорска репрезентација веќе ги реализира подготовките за двата контролни натпревари со Австрија кои се дел од ЕХФ ракометната недела која е наменета за одигрување на пријателски натпревари меѓу селекциите учесници на следното ЕП во ракомет.
Во нашете студио денес гости ни беа Елена Георгиевска и Леонида Гичевска, а со нив разговаравме на тема ЕП кое следува и подготвителните натпревари со Австрија:
„Посебно ми е чест што селекторот одлучи да му помагам околу подготовка на репрезентацијата, ќе имам улога да играм и да асистирам на селекторот , тоа ќе биде едно ново искуство за мене. Австрија е млада и доста добра екипа која исто така има одична тимска хемија која ја прави да биде секогаш незгоден противник, и затоа ќе ни биде одличен спаринг партнер пред ЕП“ вели Георгиевска.
„Секогаш е убаво кога сме заедно со останатите ракометарки и кога играме за Македонија, се надевам дека овие неколку натпревари и турнирот кој ќе го играме ќе ни помогне добро да се воиграме и подготвиме за тешките натпревари на ЕП. Одлично е тоа што го продолживме континуитетот со настап на големо натпреварување како што е ЕП и се надевам дека добро ќе се подготвиме за успешно да се преставиме во Дебрецин“ рече нашата репрезентативка Леонида Гичевска.
Нашата селекција двата натпревари ќе ги одигра во Брегенц, Австрија на 28.09 (сабота) со почеток во 17:00 часот и на 29.09 (недела) со почеток во 14:45 часот.
Разговорот можете да го проследите на следниот ЛИНК: https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-elena-georgievska-i-leonida-gicevska-rakomet-250924

