Кошаркарот, Џалил Окафор, добил понуда да се активира во кампот на Индијана Пејсерс. Тоа значи дека третиот пик на драфтот во 2015 година, може да се врати во најсилната светска лига.
Црномурестиот центар пред да ја напушти НБА во 2021 година, играше за Бруклин Нетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Детроит Пистонс.
Потоа се пресели низ тимови во Кина, Мексико и Шпанија. 28-годишниот играч беше дел и од порториканската екипа, Аресибо.

