Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид, ги процени перспективите на тимот од Тексас во претстојната сезона во НБА. Според него, доаѓањето на Клеј Томпсон, треба да му овозможи полесна игра на Лука Дончиќ.
„Тој сега ќе има многу можности во напад. Нема да треба да ја преземе целата одговорност“ – вели Кид.
„Тоа ќе биде ново искуство за него, бидејќи секогаш чувствувал дека сè мора да направи сам. Тој е подготвен да го прифати предизвикот“ – рече тренерот на Далас.

