Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Недановски: Фаворити сме против Валур, да отвориме со победа
    Ракомет

    Недановски: Фаворити сме против Валур, да отвориме со победа

    sasoBy saso07/10/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар утре во СЦ „Јане Сандански“ ги започнуваат европските настапи. Во рамките на групната фаза од ЕХФ Европската лига, Вардар е домаќин на исландски Валур. Пред дуелот, тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски вели:

    „Многу ми е драго што по 2 години се враќаме во Европа. Тоа го посакуваа сите и играчите и навивачите. Можеби одамна не сме играле Европска лига, но се надеваме дека наскоро ќе гледаме и Лига на шампиони. Противникот е малку познат на јавноста. Тоа е млада, но доста перспективна екипа, која форсира брз, модерен ракомет. Составени се од млади играчи и неколку навистина возрасни играчи со над 40 години. Треба добро да се подготвиме. Тие лани покажаа дека се подготвени и да освојат европски трофеј. Го гледавме нивниот финален меч со Олимпијакос. Фавортската улога ја преземаме ние, бидејќи играме во нашата сала. Мислам дека ќе ја оправдаме улогата, но треба добро да се подготвиме. Имаме повредени играчи. Пинто е повреден, но очекуваме негово враќање. За жал Горига има тешка повреда на раката, имаше операција и подолго време нема да биде во тимот“, вели Недановски.

    Кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаервски во очекување на првиот европски дуел во сезоната, истакна дека „црвено-црните“ треба да бидат задоволни од групата во која се најдоа, а стартот треба да ја донесе и првата победа.

    „По две години пауза повторно сме присутни на европската сцена. Имаме поволна група. Овој прв меч ќе има посебно значење, бидејќи сметам дека противникот е по мерка. Станува збор за екипа која има брзина и транзиција како главно оружје, но сметам дека ние сме фаворити на овој меч. Играме дома, и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме сезоната и да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Лазаревски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.