Ракометарите на Вардар остварија прва победа во ЕХФ Европската лига. Во првото коло од групната фаза, Вардар во Скопје убедливо со 33:26 го совлада исландски Валур и покажа дека и по двегодишна пауза од европски настапи, не заборавил како се победува на европската сцена.
Во првото полувреме момците на Недановски имаа високи +8 (19:11), но Валур во второто полувреме одигра многу подобро, успеа да се врати на минус 5, но не и да го издржи финишот. Вардар успеа да наметне темпо во завршницата и на крајот да дојде до висока победа од 7 гола разлика.
Срдановиќ и Борозан со по 6 гола беа најефикасни кај Вардар. По 4 гола постигнаа Петриќ и Коиј.