Во соопштението на претседателот на ракометниот состав Вардар, Михајло Михајловски, во кое беше потврдено заминувањето на Владо Недановски од клупата, тој упати порака до играчите.
-Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра“, се вели во соопштението на Михајловски.
Вардар времено ќе го води Стојанче Стоилов а досегашниот тренер Недановски ќе добие друга улога во клубот.

