Македонската женска ракометна репрезентација го запиша третиот пораз на „Трофеј Карпати“ кој се реализира во градот Клуж.
Денеска загубивме од селекцијата на Швајцарија со 27:22 иако во поголемиот дел од мечот бевме рамноправен противник. Во нашиот табор во поглед на реализација се издвоија Дамјановска и Ристовска кои постигнаа по 5 голови.
Во претходните две кола македонските ракометарки загубија од домаќинот од Романија и репрезентација на Словачка.

