Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Еп 2026 година.
Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06 ноември (среда) со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Вилнус.
На списокот на повикани ракометари се најдоа 35 ракометари.


