Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмон Грин, го коментираше неговото соочување со играчот на Њу Орлеанс, Зион Вилијамсон.
„Беше забавно. Тој стана многу подобар со текот на годините. Може да се забележи дека ја подобри физичката подготвеност и почна посериозно да гледа на играта“ – вели Грин.
„ Се гледа дека поминува многу време во теретана. Работи напорно за да стане подобар. Се чини дека ги надмина неговите проблеми и дека станува многу подобар“ – нагласи Грин.

