Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, ја оцени играта на Клеј Томпсон кој полека се адаптира во дресот на Маверикс.
„ Не е толку лесно веднаш да играте со нов кошаркар. Ни требаше време да се разбереме со Ирвин а сега сме тројца во тимот, ќе ни треба време“ – потенцираше играчот од Словенија.
Томпсон кој во текот на летото дојде во екипата на Далас, ја започна сезоната со просек од 14,5 поени и 3,5 скока.

