Кошаркарот, Андре Роберсон, веројатно ќе дебитира во Евролигата. Американецот кој има 32 години и 201 сантиметар, може да потпише договор со екипата на Вилербан.
Тој има реализирано 7 сезони во НБА. Цели шест години ги помина во Оклахома додека една сезона настапуваше за тимот на Бруклин.
Кошаркарот од САД сега за прв пат ќе има можност да настапи во најсилната лига во Европа.

