Koшаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, поради здравствени проблеми, не се појави на ноќешниот меч во НБА лигата против Минесота кој заврши во продолжение со победа на „волците“ со 130 спрема 126.
Ѕвездата на „кралевите“ се повреди во средата на мечот со Феникс и засега не се знае кога ќе може да се врати на терените.
35-годишниот ветеран во текот на сезонава за неговиот нов клуб реализираше во просек 24,8 поени .

