Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер официјално го претстави новиот тренер Раул Алонсо
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер официјално го претстави новиот тренер Раул Алонсо

    risteBy riste18/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер започнува нова страница во своето работење. Денес и официјално шпанскиот стручњак Раул Алонсо беше претставен пред јавноста и медиумите како нов тренер на Еурофарм Пелистер.

    45-годишниот ракометен тренер потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг. Него го дочека спортскиот директор Звонко Шундовски, кој го запозна со клубот, градот и проектот. Раул позираше со клупски обележја и ќе биде првиот шпански тренер во битолскиот клуб.

    Шпанскиот стручњак во Битола дојде откако до минатата сезона работеше во бундеслигашот Ерланген во сезоната 2022/23. Поранешното лево крило кое цела професионална кариера ја мина во Обренбург работи како тренер од 2006 година. Уште тогаш го водеше тимот во кој се прослави, а потоа беше тренер на Рајн Мен Бинем.

    Во текот на кариерата беше помошник во стручниот штаб на Кил, имаше и ангажман во репрезентацијата на Германија, па во 2015 година замина во австриски Тирол. Три години подоцна доби повик од големиот Маноло Каденас и една сезона му беше асистент во Мешков Брест. Потоа и самостојно го водеше тимот со успех во првенството и Лигата на шампионите, а последниот ангажман му беше во Ерланген. 

    Дебито на Раул Алонсо на клупата на Еурофарм Пелистер ќе биде в среда од 20:45 часот на дуелот со Фредериција во Лигата на шампионите. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.