Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Алонсо: Кога нема да се искористат шансите за победа, добар е и бод
    Ракомет

    Алонсо: Кога нема да се искористат шансите за победа, добар е и бод

    risteBy riste21/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија бод во Лигата на шампионите откако одиграа нерешемо со Фредериција (29:29).

    Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо дебитираше на клупата на клубот од Битола, но може да жали, бидејќи неговиот тим имаше и шанса да триумфира, но не искористи два напади во последната минута. 

    Шпанскиот стратег по натпреварот зборуваше на прес-конференцијата и рече:

    „Ова беше посебен меч за мене. Фактот дека имавме краток период да се подготвиме против ваков ривал беше најголем проблем. Одушевен сум од дочекот на навивачите, а горд на играчите за оваа борба на теренот. Не се откажавме, тргнавме мирно на стартот и бркавме негатива. Можеби првиот дел не беше најдобар. Во продолжението знаевме дека ќе се вратиме со помош на публиката. Имавме доста шанси да го добиеме мечот. На крајот мислам дека ако не ги искористите шансите, не заслужуате да победите, па бодот е добар. За мене како тренер е добро бидејќи имаме доста простор за напредок, иако ми е жал ми е што не победивме. Сега имаме малку време за подготовка на следниот лигашки меч, а потоа ни следи гостувањето кај Веспрем. Се надевам на добро здравје во следниот период“, изјави Алонсо. 

    По осум одиграни натпревари Еурофарм Пелистер има четири бода во елитното натпреварување и се наоѓа на шесто место. Во следното коло македонскиот шампион го очекува тешко гостување кај Веспрем.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.