Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Јончевски: Со играта која ја покажавме не заслуживме ваков пораз
    Кошарка

    Јончевски: Со играта која ја покажавме не заслуживме ваков пораз

    risteBy riste25/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, по натпреварот со Литванија изјави дека е незадоволен од конечниот резултат и рече дека Македонија не заслужила толку висок пораз. 

    Македонија одигра солиден меч против Литванија на гостински терен, но Јончевски смета дека конечниот резултат не ја отсликува реалната слика на теренот. 

    „Дадовме сѐ од себе, покажавме карактер, начинот на кој игравме три четвртини ме направи горд на мојот тим. Иако овој натпревар заврши со поголема разлика од претходниот, покажавме поквалитетна игра, пожртвуваност, одговоривме на нивниот притисок и три четвртини одлично им париравме.

    Беше тоа машка борба. Она што можам да го заклучам од двата меча е дека ни фали игра под кошевите, ни фалат тие ситуации кога треба да го затвориме рекетот и да ги собереме сите промашени шутеви, но и со офанзивен скок да нападнеме, да стигнеме до поени од втора шанса.

    Денеска имавме вкупно три скока од високите играчи, што е катастрофално за еден ваков натпревар. Го реков тоа претходно и стојам зад моите зборови дека во овој наш тим има голем талент.

    Би сакал да потенцирам, тоа се однесува само на овие состави на Македонија и Литванија, јас многу ја почитувам литванската репрезентација и кога би биле комплетни, нивниот талент не би се споредувал со нашиот. Она што го реков беше за овие две селекции кои играа во моментов и сѐ уште го мислам тоа“, изјави Јончевски по натпреварот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.