Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Димитријевиќ: Горд сум на соиграчите, се надевам дека во иднина ќе имам можност да му помогнам на националниот тим
    Кошарка

    Димитријевиќ: Горд сум на соиграчите, се надевам дека во иднина ќе имам можност да му помогнам на националниот тим

    risteBy riste25/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нaјдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна фантастични 43 поени за нашата репрезентација во квалификацискиот натпревар против Литванија (94:72), со тоа го покажа својот квалитет, но откако доживеа повреда во последната четвртина мораше да го напушти теренот. 

    Плејмејкерот на Милано на прес-конференцијата рече дека Литванците ја натскокале Македонија, но во исто време рече дека е горд на тимот и на своите соиграчи за приажаниот пристап на овој тежок меч. 

    „Мислам дека на почетокот имавме контрола, но потоа Литванија комплетно нѐ натскока. Јас сум горд на моите соиграчи и на овој тим. Одигравме одлично прво полувреме, но во продолжението нѐ надиграа во скоро сите сегменти.

    Постигнаа поени од отворени шутеви и имаа голема поддршка од домашната публика, но мислам дека и ние се претставивме во добро светло.

    Се надевам дека ФИБА и Евролигата наскоро ќе најдат решение за овие натпревари и ќе имаме можност да му помогнеме на националниот тим свежи и одморени пред секој натпревар. Во последниот период доживеав повреда, но мислам дека беше само грч и не се работи за ништо сериозно“, изјави Димитријевиќ. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.