Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: Сакаме две победи за потврда на нашиот квалитет
    Ракомет

    Лазаров: Сакаме две победи за потврда на нашиот квалитет

    risteBy riste28/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров, зборуваше на денешната прес-конференцијата пред натпреварот од Еврокупот на ЕХФ против екипата на Вествиен од Австрија. 

    Лазаров го најави мечот и очекува сериозен пристап од неговите ракометари. Што се однесува до здравствениот билтен, тој е прилично поволен, а тренерот смета дека противникот е доста силен и повика на внимателна игра, без непромислени потези и технички грешки. 

    „Вест Виена е тим кој може да се каже е дека е државен проект. Се потпираат на млади играчи и се доста незгодна екипа. На некој начин, тоа е скоро целата младинска австриска репрезентација. Од материјалите што ги имаме, мислам дека е технички добро подготвен тим, точно знаат што сакаат, добро трчаат и имаат сличен стил на нашиот. 

    Јавноста и публиката ќе има можност да проследат два натпревари во период од 48 часа. Се надевам дека навивачите ќе бидат сведоци на две наши победи, но тоа мора да го одработиме на теренот. Здравствениот биланс е солиден и ќе ги имам повеќето играчи на располагање, со исклучок на повредените Дамјан Митев и Никола Костески“, изјави Лазаров. 

    Двата натпревари помеѓу Алкалоид и Вест Виена ќе се одиграат во Скопје, првиот на 29 ноември во 19:00 часот, а возвратниот дуел е закажан за ден подоцна во истиот термин.  

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.