Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Играчите на КК Работнички со соопштение за лошата состојба во клубот
    Кошарка

    Играчите на КК Работнички со соопштение за лошата состојба во клубот

    sasoBy saso29/11/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчите на кошаркарскиот клуб Работнички, кој од почетокот на сезоната очигледно има огромни проблеми и со финансиите и со организацијата во клубот, денеска се огласија со соопштение за состојбата во клубот. Тие ја објаснија ситуацијата и најавија дека ако нешто не се подобри под знак прашалник е следниот настап на тимот.

    „Следствено последните збиднувања во клубот, ние, играчите и стручниот штаб на КК Работнички, решивме преку ова соопштение да ја обелодениме немилосрдната ситуација во која се наоѓаме. Последните четири месеци сме буквално оставени на милост и немилост од страна на управата во клубот. Освен Бранко Радевски, ниту еден друг член од истата, вклучувајќи го и спортскиот директор Горан Веселиновски, не се појавил пред лицето на играчите. Тоталната негрижа и незаинтересираност се само едни од низата разочарувачки последователни настани кои ги преминаа сите граници. Финансиските проблеми се повеќе од очигледни (на некои од играчите им се должат дури и пет плати од оваа и минатата година), меѓутоа, уште позастрашувачки е фактот што ние се наоѓаме во една крајно незавидна ситуација каде што веќе две недели немаме сала за тренинг и тренираме во школска сала која ги нема основните услови за еден тренинг каков што треба да има еден кошаркарски клуб од првата лига. Немаме ниту соодветни кошаркарски топки, немаме никакви лекарства. Мраз и бандажи за зглобови се мисловна именка. Замислете, доведени сме во ситуација ние сами да си платиме термин за тренинг во СЦ Борис Трајковски, само како би можеле да се подготвиме за претстојниот натревар против екипата на Пелистер. Постојат играчи и членови на стручниот штаб кои сами ги плаќаат кириите за становите каде што живеат, зашто во спротивно би биле избркани поради неплаќање од страна на управата, на некои натпревари патувавме со сопствени автомобили поради неспособноста да се најде превоз за целата екипа. Бевме испратени на пат до Сараево кој трае дванаесет часа без ниту еден оброк. Доведени сме во ситуација да размислуваме за сите пропратни работи во клубот освен да се фокусираме на нашата игра која треба да е наш приоритет. Сите клубови ги добија своите ваучери освен нашиот поради административни пропусти на веќе споменатите (не)одговорни лица. Поради горенаведените збиднувања со кои сме соочени, нашето присуство на следната утакмица во недела се доведува под знак прашалник. Доколку не се преземат конкретни чекори за подобрување на ситуацијата очекуваме да наидеме на разбирање од спортската јавност за нашите постапки“, се вели во соопштението испратено од играчите на КК Работнички.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.