Кливленд го победи Денвер 126:114 во натпревар од регуларната сезона во НБА лигата.
Иако Денвер го загуби натпреварот, центарот на тимот Никола Јокиќ беше најефикасен во својата екипа , на само еден поен за да биде водечки стрелец на натпреварот. Сепак тој беше и единствениот кој оствари „трипл-дабл“ со своите 27 поени, 20 скока и 11 асистенции.
Достигнувањето на Јокиќ на оваа средба му донесе нов рекорд за него и за НБА лигата, бидејќи кошаркарот го забележа својот 139-ти трипл-дабл во кариерата, надминувајќи го легендарниот Меџик Џонсон, кој имаше 138.
Така, играчот во овој поглед излезе на третото место на вечната ранг-листа на НБА, каде само уште двајца играчи имаат постигнато „трипл-дабл“ на повеќе натпревари. Станува збор за Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (200).