Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, се чуди како неговиот тим загуби од Даласи покрај тоа што постигна клупскиот рекорд за реализирани 3 поени.
„Не сум сигурен дека некогаш сум видел такви бројки во записникот. Имавме 27 погодени од 54 надвор од лакот, 39 асистенции со само 10 загубени топки а чувството е дека целиот натпревар беше под контрола на Далас“ – вели Кер.
„Неколку пати ја намаливме негативата на пет поени и момците продолжија да се борат, но Маверикс ја контролираа играта цела вечер иако упативме 27 тројки. Покажи ми го овој список пред 10 години, би рекол дека тим со таква статистика го добил натпреварот со 20 а можеби и 30 поени разлика“, изјави главниот тренер на Вориорс

