Тренерот на Милвоки, Док Риверс, објасни зошто Крис Мидлтон, не беше ставен на списокот за мечот со Оклахома. Според него, кошаркарот имал вирус и затоа не сакал да ризикува да го стави на паркетот.
„Едноставно не се чувствуваше добро. Не сакавме тој да биде покрај момците и да ги зарази другите“ – вели Риверс.
Мидлтон откако пропушти многу натпревар на Бакси, има просек од 7 поени, 5,8 асистенции и 3 скока во четири натпревари откако се врати во составот.

