Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Масар Омерагиќ и официјално е нов претседател на ФФМ
    Фудбал

    Масар Омерагиќ и официјално е нов претседател на ФФМ

    risteBy riste22/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го доби новиот претседател во името на Масар Омерагиќ. На вонредното Изборно генерално собрание одржано денес во хотелот „Хилтон“ без противкандидат функцијата нов прв човек на фудбалот ја доби Омерагиќ со акламација.

    Тој го наследува Муамед Сејдини кој ја водеше федерацијата од 2017 година. На Изборното собрание Сејдини му го предаде мандатот на Омерагиќ, кој беше изгласан едногласно од страна на присутните 62 делегати.

    „Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите.

    Сите оние добронамерни, кои сакаат да учествуваат во работата на ФФМ, вратите им се широко отворени. Ние сме свесни дека мора да работиме уште понапорно за да имаме подобри резултати. Историските резултати како што е пласманот на ЕП или победата над Италија, ние мора да ги докажеме во наредниот период со континуитет на квалитетни игри и сите оние кои се способни да играат за нашата репрезентација, да играат за неа. Сите мора да ги остават суетите на страна, затоа што се работи за Македонија и секој кој може“, изјави Омерагиќ.

    Масар Омерагиќ ќе почне со работа веднаш, тој најави дека со свој тим и нови луѓе во структурите на фудбалската федерација ќе се обиде да го инапреди фудбалот во Македонија.

    Седмиот претседател на ФФМ доби кандидатура откако беше предложен од страна на ОФС Свети Николе. Инаку, се работи за човек кој е дел од фудбалот долги години. По играчката кариера беше и во менаџерските води, а работеше и како дел од федерацијата под водство на Харалампие Хаџи-Ристески.

    Во 2012 година подготвуваше кандидатура и беше опција за претседателското столче, но тогаш на него седна Илчо Ѓорѓиоски.

    Редовното собрание на ФФМ треба да се одржи на 26 април, а дотогаш треба да се одредат делегатите од сите општински сојузи за новиот формат на федерацијата да започне со официјална работа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.