Божиќната вечер во НБА лигата ни донесе неколку интересни натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Далас на домашен терен, но и победата на ЛА Лејкерс кај Голден Стејт.
Најубедлив беше Феникс кој со 110:100 го победи Денвер во меч на кој Никола Јокиќ постигна 25 поени, 15 скока и 2 две асистенции. Њујорк го победи Сан Антонио со 117:114, а кај гостите блесна Виктор Вембањама со 42 поени и 18 скока. Минесота ја искористи повредата на Лука Дончиќ во првото полувреме за победа од 105:99 над Далас, додека Филаделфија го изненади Бостон со 118-114.
Најинтересно беше на дуелот на Голден стејт и ЛА Лејкерс. Победија гостите од Лос Анџелес со 115:113, со кош на Остин Ривс во последна секунда. Ривс на оваа средба имаше трипл-дабл. Интересно од оваа средба беше тоа што Леброн Џејмс по рекорден 19-ти пат играше на Божик и за 31 поен го подобри НБА рекордот за број на постигнати поени на еден играч на овој празник.

