Македонската ракометна репрезентација рано утринава замина за Загреб. Во последната фаза од подготовките за Светското првенство, Кирил Лазаров и неговите избраници вечерва (20:15 часот) во Арената во Вараждин ќе одиграат пријателски натпревар против Хрватска.
Според информациите кои доаѓаат од Хрватска, салата е распродадена, а дуелот ќе се игра пред полни трибини.
Македонија првиот меч на СП го игра на 15-ти јануари против Унгарија во Арената во Вараждин.

