Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и тренер, последниот ангажман го имаше во екипата на Тинекс Пролет.
-Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ. Сите сме во шок од информацијата добиена утрово. Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, соопшти РК Тинекс Пролет.
Јовиќ е роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, БиХ. Тој играше за Вардар, Металург, Пелистер. Во 2023 година како тренер на Еурофарм Пелистер се израдува на шампионската титула.

