Нашите најдобри ракометари денеска ќе го имаат првиот натпревар на Светското првенство во Норвешка, Данска и Хрватска.
Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, од 20.30 часот во арената во Вараждин, ќе излезат на мегдан со фаворизираниот состав на Унгарија. Во нашата група од 18.00 часот ќе биде мечот меѓу Холандија и Гвинеја.
На другите терени во текот на денов ќе играат: Чешка-Швајцарија, Египет-Аргентина, Португалија-САД, Хрватска-Бахреин, Норвешка-Бразил и Германија-Полска.

