Машката ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 27:27 против Унгарија во првиот меч на Светското првенство во Хрватска. Момците на Кире Лазаров имаа победа во рака, но не успеавме да искористиме последен напад и се чини им овозможивме на Унгарците на крајот да извлечат реми во еден исклучително тежок и исцрпувачки дуел.







Нерешено беше и по првото полувреме (14:14), а во вториот дел и двете репрезентации не успеаја во ниту еден момент да дојдат до предност поголема од еден погодок.
Со 10 постигнати гола, Филип Кузмановски беше најдобар стрелец во нашата селекција, а по три постигнаа Велковски и Митев. Неверојатен на голот беше Никола Митревски со 13 интервенции.
За два дена Македонија ќе игра против Холандија, која денеска убедливо ја порази Гвинеја со 40:23.
фото. РФМ

