Македонската ракометна репрезентација имаше одличен настап на на премиерата на СП во Хрватска, Данска и Норвешка и освои важен бод во дуелот со фаворизираната Унгарија, а нашиот капитен Филип Кузмановски заслужено стигна до признанието за играч на натпреварот во Вараждин.
Капитенот по натпреварот во својата прва изјава не заборави на прерано починатиот Александар Јовиќ, на кого му го посвети бодот и позитивниот резултат на стартот на Светското првенство.
„Денеска нѐ потресе таа вест која ја прочитавме рано наутро. Јовиќ има оставено важен печат во нашите кариери, сите имаме работено со него во нашите ракометни почетоци, благодарни сме му и секогаш ќе го паметиме. Нека биде овој бод за него,навистина ми е жал што останавме без таков човек и ракометен работник, кој сигурно ќе му недостасува на македонскиот ракомет во иднина“ истакна Кузмановски.
„Изгинавме со една одлична екипа, тактички спремна. Беше тешко да се игра 60 минути, но добро ги анализиравме и го покажавме тоа. Ќе бидеме скромни, ни фалеше малку среќа да дојдеме до победа. Покажавме како се игра за Македонија, нашата публика ни беше ветер во грб на целиот меч. Ни следи Холандија, посакувам само да го повториме овој меч и да се радуваме“, рече капитенот.

