Македонија успеа да одигра реми од 27:27 во драматичниот натпревар против селекцијата на Унгарија на стартот на СП 2025.
Кружниот напаѓач на нашата репрезентација Жарко Пешевски ги сподели импресиите по освоениот бод против Унгарците.
,,Ова за нас беше тежок дуел, уште потешко го започнавме денот, изгубивме еден пријател и спортски работник, кој на повеќето од нас ни беше тренер, не потресе многу веста, но собравме сила да излеземе и да изгинеме на терен. Имавме свои моменти да победиме, го имавме мечот во раце, а ремито е најреален исход. Ова нека ни биде мотив за следните натпревари и заедно да се радуваме”, изјави Пешевски.
Следен предизвик за репрезентацијата на Македонија ќе биде дуелот со Холандија кој го играма в петок на 17 јануари.

