На стартот на СП во ракомет, нашатарепрезентација ремизираше со Унгарија , а еден од оние кои се запиша во листата на стрелци кај нашата репрезентација беше Томислав Јагуриновски кој го заврши меч со два постигнати гола.
Македонија освои бод против големиот фаворит Унгарија и тоа ќе биде силен потстрек за уште подобри изданија на Светското првенство, но севкупниот впечаток е дека нашите ракометари има и за што да жалат, бидејќи нашите момци на 30 секунди пред крајот имаа напад за плус два, односно победа.
Селекторот Кирил Лазаров по мечот посочи дека неискуството се покажало како пресудно во клучната акција, а за истата говореше и Томислав Јагуриновски кој го имаше завршниот потег во акцијата со многу додавања, која на крајот заврши со техничка грешка.
„Прво и основно, сакам да им честитам на моите соиграчи за прикажаното и борбената игра. Имавме јасна замисла во последниот напад, но работите малку се искомплцираа за нас. Јас го направив тој потег кој можеби е клучен што не освоивме два бода, но тоа е што е, одиме понатаму и се надеваме на уште два добри натпревари во групата. Не би се согласил дека ова е наш најдобар натпревар на голем турнир, игравме многу добро и против квалитетна Швајцарија на последното Европско првенство. Покажавме дека можеме и мислам дека на секој голем турнир ќе покажувме се повеќе“ изјави Јагуриновски.

