Македонските ракометари денешниот ден го искористија за одмор,но иза подготовка и анализа на следниот противник, Холандија. Мечот со Унгарија е веќе зад нашите ракометари и сега во мислите им се „лалињата“.
„Заврши тој меч со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги тргнавме на страна за да ги подобриме. Утре не очекува брза и спремна Холандија. Ги анализираме, имаме доволно време да гледаме видео, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта“ вели Ненанд Костески.
Се очекува оваа средба да бидес сосема поинаква од онаа со Унгарија, утрешниот противник игра многу побрз ракомет.
„Унгарија и Холандија се екипи со различни стилови на игра. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ќе мораме да биде добри во враќање во одбраната да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и со самото тоа ќе дојдеме до позитивен резултат и ќе победиме. Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека сме во нагорна линија, напредуваме и индивидуално и тимски, со добра игра сакаме да дојдеме до победа и да ги израдуваме нашите навивачи“ рече Костески.

