Денес е нов ден на СП во ракомет, а во него вниманието на нашата спортска јавност е свртено кон Вараждин и настапот на нашата ракометна репрезентација. Македонија денес го игра вториот натпревар на ова СП, а противник ни е селекцијатана Холандија.
Македонија и Холандија досега имаат одиграно самоеден натпревар и тоа пред 2 години на СП 2023 во Краков кога Холандија не совлада со 24:34, а секако тој висок пораз е сеуште во сеќавањата на нашите репрезентативци.
Сепак денешниот натпревар е сосема различен од тој пред две години, нашите момци се со многу поголемо искуство, а мечот со Унгарија и нерешените 27:27 само ја подигнаа самодовербата кај нив.
Натпреварот во Варждин Арена се игра денес од 18 часот, а Македонија ќе има голема поддршка од својата „Фаланга“ која е присутна во бројка од над 2500 навивачи.
Денес на СП во ракомет:
Група Д – Вараждин
18.00 Македонија – Холандија
20.30 Унгарија – Гвинеја
Група А – Хернинг
18.00 Чешка – Полска
20.30 Швајцарија – Германија
Група Е – Баерум
18.00 Португалија – Бразил
20.30 САД – Норвешка
Група Х – Загреб
18.00 Бахреин – Египет
20.30 Хрватска – Аргентина

