Со 13 досудени пенали, два црвени картони и седум исклучувања, Македонија не можеше да се спаси од пораз на мечот со Холандија во 2. коло од групната фаза на Светското првенство (37:32). Вечерва во Вараждин видовме чуден судиски критериум на данската судиска двојка Мадсен/Хансен, кои на моменти како да чекаа начин како да им помогнат на Холанѓаните да земат залет кон победа на дуелот со нашата репрезентација.






Без разлика на сите случувања на теренот, Македонија одигра уште еден цврст натпревар во кј до последните две минути се одржувавме во игра и за позитивен резултат. Холандија во финишот на првиот дел успеа со судиска помош да се одлепи на плус три и да замине на пауза со 18:15, а ние во второто полувреме постојано бркавме резултатски егал, но не успеавме.
Филип Кузмановски со 9 гола беше најефикасен во нашата селекција, 6 постигна Серафимов, а 4 Марко Митев. Кај селекцијата на Холандија, Тен веиде постигна 11 гола, Смитс постигна 7, а Ставаст 5. Следниот меч за Македонија е в недела против Гвинеја, која вечерва се среќава со Унгарија во 2. коло од нашата група.

