Македонија одигра квалитетен натпревар ѝ дозволи Холандија да дојде до лесна пробеда на средбата од 2.коло на СП во ракомет. Доколку имавме малку повеќе среќа, но и по објективно судење, немаше да биде изненадување доколку освоевме барем бод против фаворизираната селекција на Холандија.
По средбата, кружниот напаѓач Милан Лазаревски не го криеше незадоволството од поразот од 37:32.
„Единствено што може да се издвои за нивната игра е брзата транзиција и брзата контра, не се физички супериорни, тоа беше на наша страна. Но, нивната игра ја имаат доведено до перфекција, колку и да се спремаш, на терен, во реално време, беше многу тешко да се браниш.
Разликата на терен ја правеше нивниот најдобар ракометар, тој ги покриваше сите недостатоци на селекцијата. На поставена одбрана не ни можеа многу, бидејќи одлично се браневме, но немавме решение за нивните брзи транзиции и контри. Не би сакал да коментирам екстремни фактори. Најлесно е да се впери прст кон некого, но прво треба да си гледаме во својот двор. Немавме никаква помош, но ниту фер услови за игра. Браво за сите за одиграната средба“, рече Лазаревски.
Македонија својата прва победа на СП ќе ја брка за два дена против селекцијата на Гвинеја која е дебитант на големите натпреварувања.

