Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: Очекував ваков натпревар, пробавме со се да ја стопираме нивната игра
    Ракомет

    Лазаров: Очекував ваков натпревар, пробавме со се да ја стопираме нивната игра

    risteBy riste17/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров по крајот на натпреварот против Холандија и првиот пораз (37:32) на Светското првенство беше незадоволен од текот на натпреварот и се она што се случуваше на теренот. Тој нагласи дека е тешко да се одигра натпревар во кој речиси 20 минути имаш играч помалку, а од друга страна противникот има 12 пенали во своја корист.

    „Уште вчера кажав дека нè очекува тешка борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што нè очекува, иако се надевав на позитивен резултат. Требаше да ја искористиме таа позитивна атмосфера и самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките се исти дома и на пазар што се вели. Секој натпревар е различен. Натпреварот излезе тотално надвор од контрола. Личеше на сè, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборувам и да се правдам поради нешто, но ривалот имаше дванаесет пенали.

    Колку и да е подобар противникот,  тешко е како тренер да се води тимот со дванаесет пенали против вас. Ние имавме скоро дваесет минути со играч помалку. Тешко е да се браниш со оглед на нивната игра, седум на шест, а особено со играч помалку. Ако не дадеш гол, веднаш ти даваат, тоа е скоро па сигурно, а дури и кога си комплетен имаш проблем. Им реков на момците дека мора да се бориме, повеќе пати го кажав тоа. Брзите контри на Холандија и играта со брз центар се неодбранливи, на чело со организаторот Стеинс. Се обидовме и бевме близу. Направивме грешки во првиот дел кој им дозволи да направат разлика. Пробавме со фластер на Стеинс, пробавме и да се вратиме и назад со плитка зона, едноставно се обидовме со сè. Црвениот картон на Петар беше многу важен момент , тој е неискусен играч, има само 21 година и во таа ситуација мораше да го остави противникот. Џонов добро го замени, одигра доста интелигентно. Сепак, со толку исклучувања и пенали тешко можевме да дојдеме до позитивен резултат. Сега ни останува да се подготвиме за Гвинеја и да го добиеме тој натпревар “, изјави селекторот Лазаров.

    Средбата со Гвинеја се игра в недела во 20:30 часот, а нашите ракометари се во добра позиција и сопобеда ќе се пласираат во втора фаза и ќе пренесат бод од првата рунда. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.