Македонската репрезентација ја очекува последната средба од групата Д во Вараждин, меч кој за Македонија значи пласман во главната рунда.
Од оваа причина нашите ракометари се подготвени да дадат се од себе за да победат и обезбедат пласман во втората фаза на ова СП. Своето очекување од оваа средба го искажа нашиот крилен ихрач Ненад Костевски.
„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“ изјави Костевски.

