Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски: Нема да ја потцениме Гвинеја, ќе играме како претходните натпревари
    Ракомет

    Кузмановски: Нема да ја потцениме Гвинеја, ќе играме како претходните натпревари

    risteBy riste18/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија го искористи денешниот ден за одмор за да собере сила за клучниот дуел во првата фаза, против селекцијата на Гвинеја.

    Натпреварот го најави капитенот Филип Кузмановски кој истакна дека никој нема да се потцени и дека ќе се игра максимално ангажирано за да се дојде до победа.

    „Кога ќе споредиме европски ракомет и репрезентација во Африка, не треба никого да потцениме, иако постои многу разлика. Секој се изборил да дојде на ова Светско првенство и не треба против никого да влеземе без респект. Се работи за ривал за кого играчите му играат во француските шампионати. Мотивацијата е иста против секого, секој што е тука сака да го даде максимумот. Уште на почетокот на првенството, се подготвувавме  за сите селекции. Повеќе фокусот беше кон првите два со Унгарија и Холандија, и навистина и на двата натпревари сакавме да победиме. Мислам дека многу ќе ни значеше ако победевме. Оваа репрезентација има голем квалитет и тоа ќе го покаже во иднина. Ни следи Гвинеја, сакаме да победиме за да одиме во вториот круг. Таму не чекаат Австрија и Франција, и најверојатно Катар. Мора да си ја завршиме задачата добро и да продолжиме понатаму. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката што дојде во така голем број, исто ни е како да играме дома. За сите нас ова е еден празник. Ја чувствуваме позитивната енергија и атмосфера, многу сме мотивирани кога заедно ќе ја запееме химната. Пример за тоа беше што во првите две кола имавме поквалитетни репрезентации на хартија, но ние се носевме со нив заедно со нашите навивачи“, изјави Кузмановски.

    Македонија во последното коло од првата фаза на СП 2025 ќе игра против дебитантот Гвинеја и со победа или реми ќе се пласира во наредната фаза каде би пренела еден бод по ремито со Унгарија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.