Денешниот ден на СП во ракомет што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка ќе биде последен од првата групна фаза за селекциите од групите А, Д, Е и Х, односно оние репрезентации кои играат во Хернинг, Вараждин, Баерум и Загреб.
Секако за нас ќе биде нај интересно она што ќе се случува во Вараждин, каде вечерва нашата ракометна репрезентација е фаворит против селекцијата на Гвинеја. Нема дилеми дека квалитетот е на наша страна, но сепак тој треба да се докаже на самиот терен со добра игра и сигурна победа против оваа репрезентација која во првите две кола доживеа убедливи порази од Холандија (23:40) и Унгарија (18:35).
Токму тоа не става во улога на фаворит на оваа средба, а победата на овој натпревар беше и главна цел на нашата репрезентација пред стартот на овој Мундијал. Оваа победа ќе значи пласман во втората рунда, но и пренесување на 1 бод по нерешените 27:27 со Унгарија.
Од таа причина средбата со Гвинеја треба да биде добиена, а колку порано биде решен победникот толку подобро за селекторот Кире Лазаров, да може да им даде шанса на сите ракометари кои ги има на располагање во Вараждин.
Средбата меѓу Македонија и Гвинеја се игра денес од 18 часот во „Арена Вараждин“.
Во продолжение сите денешни натпревари кои се играат на СП во ракомет:
Група Д – Вараждин – 3.коло
18.00 Македонија – Гвинеја
20.30 Унгарија – Холандија
Табела:
1.Холандија – 4
2.Унгарија – 3
3.Македонија – 1
4.Гвинеја – 0

Група А – Хернинг 3.коло
15.30 Полска – Швајцарија
18.00 Германија – Чешка
Табела:
1.Германија – 4
2.Чешка – 2
3.Швајцарија – 1
4.Полска – 1
Група Е – Баерум 3.коло
18.00 Бразил – САД
20.30 Норвешка – Португалија
Табела:
1.Португалија – 4
2.Норвешка – 2
3.Бразил -2
4.САД – 0
Група Х – Загреб 3.коло
18.00 Аргентина – Бахреин
20.30 Египет – Хрватска
Табела:
1.Хрватска – 4
2.Египет – 4
3.Бахреин – 0
4.Аргентина – 0

