Игор Ѓорѓиев ја доби довербара од селекторот Лазаров на мечот со Гвинеја, а отсуство на Марко Митев беше надополнето во целост. Игор Ѓорѓиев ја презеде улогата на организатор на играта на Македонија и младиот ракометар одигра одлична партија против Гвинеја, која ја совладавме со 29:20 и со оваа победа се пласиравме во главната фаза од СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
„Најпрво, сакам да им честитам на соиграчите за борбата и за пласманот во вториот круг. Нашата главна цел беше таа главна фаза и успеавме во тоа. Сега имаме ден одмор, да се мобилизираме и да се спремиме за она што ни следи понатаму. На последниот меч поштеда добија поискусните играчи, за да бидат спремни за понатаму. Голема е честа да се игра во дресот на Македонија и пред овие навивачи, чувството беше прекрасно, тоа не мотивира сите“, рече Ѓорѓиев по натпреварот.

