По натпреварот кој нашата репрезентација го одигра во Вараждин вечерва против Гвинеја со реакција се јави генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, а во неговата реакција беше критикуван односот на организаторот кон нашите навивачи.
Милошевски на својот ФБ профил објави свој коментар за она што се случуваше во Арена Вараждин.
„Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија!
А во врска со организацијата на вечеранишниот натпревар:
- Само еден влез во арена активен;
- Жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари;
- Во опасни предмети вклучени се и кармин, лабело, сјај за уста, полнач за телефон и сл.;
- Простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез;
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски
Напиша генералниот секретар на РФМ,Филип Милошевски на ФБ профилот по се она што се случуваше вечерва во Вараждин, а откако организаторот доби дополните инструкции од страна на ИХФ во натпреварот меѓу Македонија и Холандија.

