Со натпреварите кои ќе бидат одиграни денес завршува првата фаза на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. По денешните натпревари ќе ги дознаеме последните патници во втората фаза, но и тоа , кој колку бодови ќе пренесе со себе од групите Ф и Г.
Во групата Ф која се игра во Осло од 18 часот играат Јапонија и Чиле кои се борат за 3.место, додека од 20.30 часот за првото место ќе се борат Шведска и Шпанија.
Иста е ситуацијата и во групата Г која се игра во Загреб, таму од 18 часот играат Куба и Заленортска Република за место во втората фаза, додека Словенија и Исланд од 20.30 часот во директна пресметка се борат за првото место и пренесување на повече бодови.
Денес на СП во ракомет:
Група Ф – Осло
18.00 Јапонија – Чиле
20.30 Шведска – Шпанија
Група Г – Загреб
18.00 Куба – Зеленортска Реапублика
20.30 Словенија – Исланд

