Македонската ракометна репрезентација очекувано славеше на мечот со Гвинеја (29:20) и обезбеди пласман во втората фаз ана СП, но исто така по случувањата на мечот со Холандија, за очекување беше дека организаторот на СП, Хрватскиот ракометен сојуз по сугестија на ИХФ ќе спроведе засилена контрола и редарско обезбедување во Арена Вараждин.
Самиот натпревар помина одлично за нашата репрезентација, но на трибините имаше доста хаос. Како прво беше сериозно променет самиот пристап на редарите и полициските службеници кон нашите навивачи.
Уште од пред стартот владееше тензија, се вршеа детални проверки, се одземаа знамиња со ѕвездата на Кутлеш, а дури и се апсеше.
Во една од групите од кои се апсеа навивачи поради поседување на „забранетото“ знаме беше и скопскиот Инстаграм лик – Боемот. Тој реши по натпреварот и заминувањето да ја образложи ситуацијата со својата објава на инстаграм:

Исто така по натпеваро со реакција се јави и РФМ која критикуваше за односот на домаќинот кон нашите навивачи. Останува сега да почекаме да видима кеко ќебиде на следниот натпревар кој го играме утре против Австрија, но едно е сосема јасно дека многу навивачи кои беа во Вараждин изминатите денови веќе се вратија во Македонија и прашање е колку ќе останат за втората фаза и дали воопшто ќе дојдат други.

